Oglas je istekao 13.11.2012.
Pregledajte aktuelne oglase u našoj sekciji Oglasi za posao
ТГС „Технички гасови“ е компанија со повеќе од 70 годишна традиција и искуство во областа на производство и трговија со технички и медицински гасови. Дел од SOL групацијата, која што успешно оперира ширум Европа и бележи континуиран раст и експанзија на пазарот. Во име на нашиот Клиент бараме стабилна, професионална, аналитична и добро организирана личност за позицијата
 

Раководител на сметководство

Скопје

 
Квалификации:
 
  • високо образование од областа на економските науки
  • најмалку 3 години работно искуство на позицијата шеф на сметководство или слична позиција во интернационална средина
  • одлично познавање на MS Office и владеење на Англискиот јазик
  • познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
  • висока работна етика, одговорност, иницијативност, организаторски и лидерски способности
 
Одговорности:
 
  • комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
  • контрола на книжење на финансиската и материјална документација
  • изготвување на завршна годишна сметка и консолидирана годишна сметка
  • планирање, координирање и контрола на сите активности во секторот
  • давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето
  • подготовка на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите
 
Ние ви нудиме перспективна и одговорна позиција во интернационална средина, со потполна поддршка од страна на менаџментот и можност за професионален развој со добри услови за работа.
 
Доколку сте заинтересирани и одговарате на бараните квалификации, Ве молиме вашето CV на англиски јазик да го испратите на адресата на нашиот консултант за човечки ресурси, со загарантирана дискреција.
 
Хилл Интернатионал, Ул. Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје, тел/факс: +389 2 3296 481
 
Početak oglasa: 30.03.2012.